Променливо облачно време со силен северен ветер и над 65 км/час

„Под влијание на релативно ладен бран кој се спуштат од север, денес 7 и утре, 8 октомври, во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина над 1600 метри ќе има повремен снег. И во Скопје и околината ќе има услови за повремен локален дожд а на околните високи планини ќе има услови за провејување на снег.
Температурите во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 12 степени.
Поради силниот ветер овие два дена, апелирам граѓаните да внимаваат каде се движат и да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги оставаат во близина на дрвја, особено оние кои што се стари и осамени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


