Променливо облачно време со сончеви периоди
Објавено на 29 март, 2022 во 09:21
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја и на крајниот југоисток ќе има услови зa слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, од четврток со засилен јужен ветер и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни.
Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.