Пронајдена дрога кај две лица од Гевгелија

Објавено: 5 септември, 2022, во 09:49 часот

Четириесет и шест годишниот А.К и три години помладата Ј.Р, вчера, биле лишени од слобода по преглед на патничкото возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од А.К. Полициските службеници кај нив пронашле дрога, поточно, кај А.К биле пронајдени 27 пакувања хероин додека кај Ј.Р којашто била сопатник бил пронајден амфетамин.

Од Министерство за ватрешни работи соопштија дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.