Протест за усогласување на платите и на вработените во Управата за водење на матични книги

Објавено на 27 април, 2022 во 11:25

Од денеска нема закажување на свадби, ниту вадење документи затоа што протестираат вработените во Управата за матични книги

Граѓаните од денеска нема да може да извадат никаков документ од Управата за водење матични книги, ниту со барања поднесени лично, ниту онлајн.

Независниот синдикат на управата за водење на матични книги најави дека од денеска вработени во управата стапуваат во штрајк.

Тие бараат донесување на колективен договор на ниво на работодавач, усогласување на платите согласно покачувањата на минималната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во управата.
Вработените бараат и унапредување, односно соодветни звања на вработените во управата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.