Путин забрани изнесување повеќе од 10.000 долари од Русија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша потпиша указ „за дополнителни привремени економски мерки за обезбедување финансиска стабилност на Русија“, со кој се забранува извоз на девизи од Русија во износ од над 10.000 американски долари, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Од 2 март 2022 година, се забранува извоз на готовина во странска валута и (или) монетарни инструменти во странска валута во износ поголем од 10.000 американски долари пресметан по официјалниот курс на Централната банка на Русија, утврден на денот на издавањето“ се вели во соопштението.
Како што беше прецизирано, овие мерки се предизвикани од „непријателски дејствија на САД, кои се во спротивност со меѓународното право, и постапки на странски држави и меѓународни организации кои им се приклучија“.
Мерките, како што се додава во соопштението, се насочени кон заштита на националните интереси.