„Руле – Турс“ одбележува 30 годишен јубилеј, во пакетот поволности се и наградите за лојалните патници

Објавено на 27 јануари, 2023 во 10:30
Фото: „Руле – Турс“

По повод 30 годишнината од постоењето и работата,  реномираната македонска компанијата за домашен и меѓународен патнички превоз„Руле –Турс“, одлучи  со пакет посебни поволности да ги наградува своите лојални патници. Компанијата  подготвува и други изненадувања за редовните клиенти.

„Одлучивме да ги наградиме верните патници кои го користат нашиот превоз со попусти за вадење на месечни билети. На пример на релацијата Куманово – Скопје – Куманово со 30 % попуст за изваден четврти месечен патен билет. Но исто така подготвуваме и други изненадувања за лојалните патници во градовите во Македонија низ кои поминуваат нашите автобуси и имаме редовни автобуски линии. Тоа се градовите Куманово, Тетово, Кратово, Пробиштип, Злетово, Велес, Неготино, Гевгелија, Богданци и Дојран,“ рече сопственикот на компанијата Масар Омерагич.

„Руле – Турс“ освен во Македонија е компанија која што превезува  патници на  бројни релации на балканот и во Европа. Овој македонски бренд располага со високо квалитетни автобуси и тоа го прави посакуван за патување дома и во странство. Освен Автобуска станица во Скопје, составен дел на компанијата „Руле –Турс“ е и станицата во Куманово, како и автобуските станици во уште неколку други градови во Македонија.

До пред пет години и автобуската станица во Велес беше дел од македонската компанија за домашен и меѓународен патнички превоз „Руле –Турс“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.