Русија втор ден по ред бележи рекорден број смртни случаи од корона

Објавено на 12 август, 2021 во 12:43

Бројот на починати пациенти од коронавирусот во Русија денеска надмина 800, што се случи за првпат од почетокот на пандемијата, објави кризниот штаб на оваа земја.

Во претходните 24 часа починаа 808 луѓе, во однос на 799 претходниот ден, така што бројот на смртни случаи од ковид достигна бројка од 168.049 лица, пренесе ТАСС.

Смртноста од коронавирусот изнесува 2,57 проценти.

Кога станува збор за нови случаи, денес се потврдени 21.932 случаи, и 6.534.791 од почетокот на пандемијата.

Само во Москва, регистрирани се 2.294 новозаразени пациенти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.