Се подготвува нов закон за учебници

Објавено на 20 јануари, 2023 во 15:07

Со цел подигнување на квалитетот на  содржината на учебниците  како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов  Закон за учебници за основното и средното образование.

-Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски решенија, МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани, да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса [email protected], најдоцна до 28.02.2023 година.

Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена, по што, откако ќе биде креирана нацрт верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување.

Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата е очигледна. Неопходно е поставување на повеќе повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување на што поголема конкуренција да учествува на јавните повици за одобрување на учебници, соопштија од МОН.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.