Седница на Владата во 12 часот
Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 83-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, ќе биде разгледан Записникот од четириесет и третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 јуни 2021 година.
На седницата, според дневниот ред, пред министрите ќе се најдат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од ресорното Министерство и Информацијата за Проектот „Родова еднаквост во спортот“, изготвена од Агенцијата за млади и спорт.
За донесените одлуки и заклучоци од владината 83-та седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.