Северна Македонија доби 23 нови офицери – 10 девојки и 13 момци (ФОТО)
Објавено на 2 декември, 2021 во 14:56

Со денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје свечена заклетва дадоа питомци од 25. класа, а во прв офицерски чин беа промовирани питомците од 21. класа на Академијата.
-Воената академија го отвора патот за извонредна кариера во служба на својата земја. Денеска Северна Македонија доби 23 нови офицери – 10 девојки и 13 момци кои ја завршија Воената академија, и ќе бидат пример за новата класа питомци кои го започнуваат школувањето. Меѓу вас се идните лидери на Армијата. Ви честитам!, кажа Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска.
