Славчо Попоски: Променлива недела со дожд, ветер, а и пустинска прашина и песок!

Оваа недела следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дума умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, информира метеорологот Славчо Попоски.
-Сето ова е поради влијанието на циклонската активност, поле со низок возушен притисок, со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив. Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени, додава Попоски.
Поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно.
