Сончев ден со пролетни температури

Објавено на 8 март, 2023 во 10:39

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираа утрово од УХМР. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Температурата ќе достигне до 18 степени.

Во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во останатите денови од периодот ќе преовладува стабилно и топло време.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.