Сончево и многу студено време со мала локална облачност
Објавено на 13 јануари, 2022 во 09:24
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денес и утре кога на места ќе се спуштат и под -10 степени.
Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.