Сончево и потопло време

Објавено на 14 септември, 2022 во 09:17

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. УВ индексот е 6. Минималната утринска  температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 28 степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и краткотрајно ќе засилува, а вдолж Повардарието југоисточен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.