Сончево и топло со мала до умерена облачност

Објавено на 22 јуни, 2023 во 09:35

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20, а максималната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Денес и утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.