Сончево и топло време, од петок температури до 40 степени
Објавено на 19 јули, 2022 во 09:14
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран.
Дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а во најтоплите делови од земјата ќе надминат 40 степени..