Сончево со мала локална облачност, од петок посвежо со врнежи од дожд
Објавено на 5 јануари, 2022 во 09:23
Времето денеска сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува, кон крајот на денот во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Од петок следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.