Сончево со пониски температури и засилен ветер

Објавено на 29 март, 2023 во 09:18

Денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец, повремено со брзина од 70 км/час).

Утринската температура ќе се движи во интервал од -7 до 3 степени, а дневната од 3 до 14 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.