Сончево време со умерена локална облачност
Објавено на 12 јули, 2022 во 09:32
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер краткотрајно засилен вдолж Повардарието.
Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури во постепен пораст.