Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена на измена на режим на сообраќај на државен пат А1 делница Велес – Неготино, за на изградба на клучка Градско како дел од автопат А1 издадено од Министерство за транспорт и врски на 22.07.2021 со број 11-уп/52/4, на претходно поменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци ќе се применува времена измена на режимот на сообраќај.
