Студено време, повремено ќе провејува слаб снег
Објавено на 11 март, 2022 во 09:22
Времето денеска променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови повремено ќе провејува слаб снег.
До недела ќе се задржи променливо облачно и студено со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе бидат особено ниски па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот.
Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник.