Земјотрес во Егејско море!

Објавено на 8 јануари, 2013 во 17:48

Епицентарот е на 247 километри североисточно од Атина и 44 километри од островот Лемнос, соопшти сеизмолошката опсерваторија во Атина. Полицијата од островот јави дека нема повици за повредени или материјални штети.

 

Земјотресот кој се случи околу 15 часот е забележан како многу силен и се почувствувал во предградијата на Атина, како и во Солун, објавија грчките медиуми.

Американскиот геолошки институт USGS на својата интернет страница објaви дека земјотресот го погодил подрачјето југозападно од турскиот град Чанаккале, како и дека се почувствувал во Истанбул, но нема јавувања за настрадани.

Турските сеизмолози од Истанбул ја проценија магнитудата на потресот на 6,2 степени по Рихтер.

Турските телевизиски станици емитуваа снимки од Чанаккале каде локалното население во паника истрчало на улиците.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.