Хрватска и Словенија се договорија за поранешна Љубљанска банка!
Министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Весна Пусиќ и Карл Ерјавец по шест часовни преговори во Оточец кај Крка пронајдоа решение за хрватските штедачи во поранешна Љубљанска банка.
Деталите за договорот ќе бидат соопштени откако министрите ќе ги информираат двете влади.
На состанокот присуствувале финансиски експерти на двете држави, пренесе ХТВ.
Непосредно пред средбата Пусиќ оценила дека постои обострана добра воља проблемот да се реши.
Ерјавец рекол дека ќе биде потребна уште една средба по која ќе се создадат услови за ратификација на хрватскиот пристапен договор на седница на Словенечкиот парламент на почетокот на март, годинава.
Дека има изгледи за решение на проблемот најавил и претседателот на Словенија Борут Пахор кој во разговор со странски дипломати во Брдо кај Крањ рекол дека е уверен во ратификацијата на хрватскиот пристапен договор од страна на парламентот.
