Белград: Саем на цвеќе и лековити билки!

Објавено на 3 април, 2013 во 07:32

На Белградскиот саем од 4 до 7 април ќе се одржи 18 меѓународен саем на хортикултура,16 изложба на лековити билки и препарати од мед и Прва изложба на градинарски и парковски машини и дополнителна опрема.

Како што известуваат од Белградскиот саем на тие манифестации покрај одгледувачите на цвеќе и цветен материјал, ќе се претстават и над 100 изложувачи од областа на овоштарството,лозарството,пчеларството,одгледување на лековити билки,производство на садници и семенски материјал,одржување на зелени површини и пејсажна архитектура.

На изложбата на лековити билки “Дарови на природата” на посетителите ќе им бидат понудени мелеми,лековити и ароматични билки,чаеви,мед и производи од мед,печурки и шумски плодови.

За тие четири дена ќе бидат организирани стручни предавања и разни натпревари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.