Загреб: Продолжува штрајкот во Кроација Ерлајнс!
Објавено на 15 мај, 2013 во 09:00
Продолжува штрајкот во Кроација Ерлајнс. Не дадоа резултати дводневните преговори па пилотите и стјуардесите и понатаму штрајкуваат.
Тие најавуваат дека штрајкот ќе трае се додека Управата не ги исполни нивните барања кои се однесуваат на задржување на правата од минатогодишниот колективен договор.
Новиот синдикат, во кои членуваат пилотите и струјардесите на Кроација Ерланс, ги повика и останатите синдикати да се солидаризираат со нив и да започнат штрајк.
Засега имало најава за придружување на вработените од Загребски холдинг.
Ако продолжи штрајкот ќе има откази, рече министерот за транспорт на Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ.
