Во протестите во Каиро синоќа убиени пет луѓе
Објавено на 23 јули, 2013 во 07:14
Во синоќешните протести на приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси во близина на тамошниот Универзитет загинаа пет луѓе а 26 се потешко повредени.
Утрово Муслиманските браќа поставија соопштение на Фејсбук во кое објавија дека лидерите на воениот отпор продолжуваат да ги тероризираат мирните демонстранти во Египет.
Тие ја обвинија египетската војска за организирање на државен удар кој довел до длабоки политички поделби во најмногубројната нација во арапскиот свет.
Семејството на Морси соопшти дека ќе преземе правни мерки против армијата поради тоа што го држи Морси во непознат воен објект откако беше соборен од власт на 3 јули.
