Земјотрес во Грција
Објавено на 23 август, 2014 во 10:00
Синоќа во регионот на грчкиот остров Карпатос во Егејското Море е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, пишува весникот „Етнос“.
Епицентарот на земјотресот бил источно од островот на 449 километри југоисточно од Атина.
Нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Пет земјотреси еден по друг, од кои најсилниот беше со 5,1 степен, го погодија регионот на Солун и на полуостровот Халкидики
