Во Украина се отвора нова сателитска телевизија на англиски јазик
Објавено на 25 август, 2014 во 06:55
Новиот 24-часовен телевизиски канал на англиски јазик – „Украина денес“ вчера почна да емитува вести за случувањата во Украина од Киев преку сателит и преку интернет, јави Радио Слободна Европа.
Во медиумската компанија 1+1 Медиа груп, која стои зад каналот, велат дека Украина денес ќе биде предизвик за „големата информативна војна“ која ја водат руските државни медиуми, кои ги обвини за емитување „лаги и извртувања“ за Украина за да ја поддржат агендата на рускиот претседател Владимир Путин.
Украина денес планира во иднина да почне сателитски да емитува програма во САД, а веројатно и да почне да се емитува на руски јазик.
