Се приватизираат државни медиуми во Србија

Објавено на 4 октомври, 2014 во 07:33

Со цел да се ограничи порастот на буџетскиот дефицит Србија објави дека ја стави на продажба  државната новинска агенција Танјуг , како и 10 други локални медиуми.

Парламентот, во кој мнозинство има конзервативната Српска напредна партија на премиерот Александар Вучиќ, го одобри новиот закон за приватизација. Согласно новиот закон сите државни компании треба да бидат приватизирани до крајот на 2015 година

Инвеститорите можат да го изјават својот интерес до 3 ноември.

Србија се очекува да забележи буџетски дефицит од 8,3% од БДП оваа година. Прогнозите за економскиот раст ќе опадне под 1%, а минатата година тој беше 2,5%.

Во средината на август српската агенција за приватизација ги претстави на пазарот 502 претпријатија и медиуми кои работат со загуба. Меѓу нив е и најстариот политички весник на Балканот “Политика”. Во компаниите кои не добијат предлози од инвеститори ќе биде прогласен банкрот или ќе бидат продадени, за да се покрие барем дел од нивните загуби.

Танјуг, телеграфска агенција на Нова Југославија, е основана во 1943 година за време на Втората светска војна како новинска агенција на партизаните, предводени од Јосип Броз Тито. По крајот на комунизмот  и распадот на СФРЈ во 90-тите години Танјуг стана националната новинска агенција на Србија. / АФП

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.