На Малала и е врачен Медал на слободата
Објавено на 22 октомври, 2014 во 07:57
Пакистанката Малала Јуасфзаи, која годинава ја доби Нобеловата награда за мир, синоќа во Филаделфија го прими Медалот на слободата за нејзината храброст и решителност во областа на заштитата на човековите права, јави Радио Слободна Европа.
Паричната награда од 100 илјади долари таа ги намени за образованието во нејзината земја.
Пред две години талибанците се обидоа да ја убијат Малала поради нејзината кампања за едукација на девојчињата во Пакистан.
17 годишната Малала стана најмладиот добитник на Нобеловата награда заедно со Каилаш Сатиарти од Индија за нивната борба против репресијата над децата.
