Свети великомаченик Димитриј – Митровден

Објавено: 8 ноември, 2025, во 09:46 часот

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

На иконата Свети Димитриј е претставен во војводска облека на коњ и со копје убива човек кој е под копитата на коњот. Тоа е Лео кој бил убиен од Нестор со благослов на Свети Димитриј.

Митровден се празнува на 8-ми Ноември. Тогаш се сметало дека завршува летниот период од годината, а започнува зимскиот поради собраните плодови, значително намалениот ден и студеното време.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.