Ученик од штипска гимназија се заканувал дека ќе дојде со пушка

Објавено на 11 мај, 2023 во 14:31

Ученик од четврта година во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште.

Според информации МВР, 18-годишникот е уапсен.

„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Д.(18) од Штип, бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.