УЈП планира генерален штрајк – ќе се блокираат сите активности за граѓаните и фирмите

Нема прибирање на даноци во државната каса, ниту исплата на плати за вработените во цела држава. Вработените од Управата за јавни приходи од 27 месецов планираат да започнат со генерален штрајк на работните места. Со тоа ќе се блокираат сите активности за граѓаните и фирмите. Синдикатот со последно предупредување до Министерството за финансии – решение за повисоки плати за 30 проценти да се најде во рок од една недела.
„Сето она што се поврзано со правата и обврските на бизнис секторот и на физичките лица, а треба да биде спроведено од страна на Управата за јавни приходи, ќе биде оневозможено. Тоа значи дека ќе дојдеме до прилично поголеми состојби на нарушување на функционирањето на општеството во целина. Сите оние кои ќе сакаат Управата за јавни приходи да постапи по нивни барања, поднесоци и други обврски и права, нема да може да се извршуваат бидејќи вработените во управата нема да ги извршуваат работните обврски“, изјави Васе Неденоски- Претседател на синдикатот.
Повеќе на: alsat.mk
Дума.мк
