Умерено облачно време, ќе дува слаб до умерен ветер
Објавено на 16 ноември, 2021 во 09:23
Претпладне умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла. Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време, посончево во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утре не очекува променливо облачно време, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Само во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд.