Условите за влез во Грција од 19 август се овие:
Објавено на 12 август, 2021 во 11:42
Условите за патување во Грција останале непроменети, така што во следните седум дена, поради мерките за ковид вирусот на влезот во оваа земја, ќе биде неопходен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР или брз антиген тест, како и пополнет PLF формулар
Доколку одите со потврда за вакцинација, неопходно е втората доза да е примена пред 14 дена и доказот да биде напишан на еден од јазиците: грчки, англиски, германски, италијански, шпански или руски, објави денеска агенцијата МИА.
Друга можност е со негативен тест – ако е ПЦР, не смее да биде постар од 72 часа, а антигенски не постар од 48.
И тука е потребна потврда на еден од горенаведените јазици.
Правилата за влез важат за лица постари од 12 години.
Извор: МИА