Утре е неработен ден, се празнува „Св. Климент Охридски”
Објавено на 7 декември, 2021 во 10:50

Согласно Законот за празници на Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – „Св. Климент Охридски“ е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век.
