(видео) Снежна бура го погоди Осло

Објавено на 17 јануари, 2024 во 13:44

Снежна бура го затрупа Осло, главниот град на Норвешка. Според податоците на норвешката метеоролошка служба Јр.но, висината на снегот во Осло е 43 сантиметри, а снегот се уште паѓа. Дневната температура денеска во градот изнесува -10 степени Целзиусови.

Аеродромот во Осло соопшти дека обилните снежни врнежи во областа Осло предизвикуваат одложувања и откажувања на јавниот превоз до и од аеродромот во Осло.

„Доколку имате намера да патувате, оставете доволно време да стигнете до аеродромот и следете ги информациите на вашата авиокомпанија“, предупредуваат од аеродромот.

Силен снег паѓа и низ другите делови Скандинавија, која исто така е зафатена од студот. Обилните снежни врнежи доведоа до сообраќаен метеж. Многу патишта и автопати се затнати со заглавени возачи, јавниот превоз доцни, некои траекти се откажани, а мостовите се затворени, пренесува АП. Полицијата во делови на Данска ги повика луѓето да останат дома.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.