(ВИДЕО) Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт

Објавено на 4 мај, 2021 во 12:19

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

– Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност, се вели во соопштението.

Сподели: