Викендов се оддржа најомилениот детски фестивал „Поточиња 2022“
Во големата сала на Македонска Филхармонија, викендов, се оддржа 19-то издание „Поточиња 2022“. Сè уште се собираат впечатоци и со сигурност можеме да кажеме дека беше прекрасно, испеано, разиграно.
Како и секоја година, така и оваа, многу забава, игри, песни, дружба и подароци за публиката го одбележаа омилениот фестивал на најмилите и нивните родители.
Детскиот фестивал „Поточиња“ се издвојува во мноштво детски настани со својот концепт и содржина и дава можност децата да поминуваат квалитетно време благодарение на богатите, забавни, а истовремено едукативни и културни содржини.
Овогодинештното издание е најава и увод за следното издание кое ќе биде јубилејно, 20-то издание, за „Поточиња“.
Новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб каналот „Поточиња“.