Вирусот стивнува, еве каква е состојбата по градови
Се бележи тренд на намалување на активните случаи со ковид во земјата.
Се очекува Кризниот штаб и Владата да се изјаснат за ковид-мерки што ги предложи завчера Комисијата за заразни болести – учениците од основните училишта да бидат ослободени од носењето маски, капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти и да се укинат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Обврската за носење маска во училиштата, според предлогот, останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал.
Досега во земјата се направени вкупно 1.930.788 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.
Во моментов нема болни со ковид во Дојран и Македонски Брод. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 141485, Активни 1066
Куманово 16429, Активни 74
Битола 14511, Активни 124
Прилеп 13837, Активни 137
Тетово 13387, Активни 41
Кавадарци 10311, Активни 70
Велес 9613, Активни 56
Гостивар 9503, Активни 29
Охрид 8623, Активни 82
Струмица 7956, Активни 27
Штип 7944, Активни 18
Кичево 5506, Активни 36
Кочани 5010, Активни 20
Струга 4673, Активни 17
Гевгелија 4315, Активни 24
Неготино 3637, Активни 10
Ресен 2651, Активни 24
Свети Николе 2609, Активни 3
Радовиш 2499, Активни 14
Крива Паланка 2398, Активни 11
Делчево 1902, Активни 2
Дебар 1660, Активни 10
Берово 1635, Активни 4
Валандово 1469, Активни 9
Виница 1369, Активни 14
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1009, Активни 4
Кратово 955, Активни 13
Крушево 913, Активни 4
Демир Хисар 821, Активни 5
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 583, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 340, Активни 0