Висок број на казни за не почитување на полицискиот час
Објавено на 27 мај, 2021 во 10:29
Во последното деноноќие констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Исто така, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци, соопштија од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.