Вкупно 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина
Во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482, а трета доза примиле 38.719 граѓани. Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, наведуваат од Министерството за здрaвство.