Владата денеска одлучува за укинување на полицискиот час
Владата на Република Северна Македонија, денеска, во 13:00 часот, ќе ја започне 79-тата седница, со повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните.
На таа седница, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 14 јуни, годинава, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.
Новите мерки се целосно укинување на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.