Владата денеска одлучува за укинување на полицискиот час

Објавено на 15 јуни, 2021 во 09:44

Владата на Република Северна Македонија, денеска, во 13:00 часот, ќе ја започне 79-тата седница, со повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

На таа седница, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 14 јуни, годинава, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.

Новите мерки се целосно укинување на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и  дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.