Владата не одлучила да се повика американскиот тим за борба против корупција
Објавено на 15 декември, 2022 во 11:44
Владата немала никогаш донесено одлука за да повикува истражители од надвор за борбата против корупцијата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Тој истакна дека немал средба со американскиот тим за истражување санкции во земјава.
-Тоа е дел од нивните активности и не се дел од активности на Владата. Тоа е дел од работата на САД во справувањето со корупцијата и владеење на правото во земјите кои ги сметаат за нивни стратешки партнери, рече премиерот како одговор на новинарско прашање.