Во деветнаесет градови нема заболени од ковид-19
Состојбата со ковид-19 во земјава и натаму е стабилна. Во 19 градови во државата повеќе нема позитивни на коронавирусот. Ако пред еден месец бројот на активни беше околу 1000 случаи, вчера, тој беше 130, од кои во Скопје има уште 54, во Тетово 15, Кичево 14, Куманово 10.
И во текот на претходното деноноќие не беше регистриран ниту еден смртен случај, а беа регистрирани 27 оздравени пациенти.
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравени пациенти . Бројот на активни случаи во градот е два.
Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на ковид-19.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486.
Комисијата за заразни болести вчера оцени дека нема потреба за воведување на нови ограничувања, но и некакви рестриктивни мерки во однос на штитење на границите од ширење на делата сојот при влез на странски државјани во нашата државата.