Во Кина, бројот на жители во 2022 година се намали за прв пат по 60 години
Објавено на 17 јануари, 2023 во 09:33

Населението на Кина, најнаселената земја во светот, се намали во 2022 година за прв пат од почетокот на 1960-тите, соопшти Кинеското биро за статистика.
Минатата година се регистрирани 9,56 милиони родени, а умрени се 10,41 милиони, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.
Населението во Кина е намалено за околу 850.000 луѓе.
Тој пад треба да трае неколку децении, сметаат демографите, што ќе има значителни последици за економијата, општеството и пензискиот систем.
Дума.мк
