Во „Мој Термин“ воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид-19
Објавено на 29 јуни, 2021 во 11:59

Министерството за здравство информира дека во националниот систем „Мој Термин“ е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан ковид-19.
Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.
Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.
Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.
