Временска прогноза: Сончево и натпросечно топло до 20 степени

Објавено на 5 февруари, 2024 во 08:07

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до четири степени, а максималната ќе достигне и до 20.

Во Скопје претежно сончево и тивко.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.