Временска прогноза: Сончево и топло со доумерена облачност

Објавено: 20 септември, 2023, во 09:16 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне наместа облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Особено топло ќе биде во петок и во сабота. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.